Лоши се вестите за Агуеро, нема да игра минимум три месеци

Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро, ќе паузира во следните неколку месеци откако ненадејно му се слоши за време на дуелот против Алавес. Пред крајот на првото полувреме, аргентинскиот репрезентативец наеднаш застана и покажа дека има проблеми со дишењето, а потоа падна на тревата.

Лекарите брзо интервенираа, а фудбалерот беше префрлен во болница. По првичните направени прегледи било констатирано дека Агуеро има срцева аритмија, односно нарушување на срцевиот ритам. Од Барселона вечерва упатија и официјално соопштение.

„Играчот на првиот тим, Серхио Агуеро, е подложен на дијагностичка и терапевтска процедура од доктор Хосеп Бругада. Во следните три месеци ќе се оценува ефективност на терминот за да се утврди процесот на неговото закрепнување. Тој нема да може да биде дел од тимот во следните три месеци“, стои во соопштението од Барселона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести