Лоши вести: Барди се повреди на еден месец пред мундијалските квалификации

Енис Барди се здоби со повреда на листот од десната нога, потврдија од таборот на Леванте. Македонскиот играч за врска се пожалил на болки на денешниот тренинг на екипата, по што Барди отпадна од комбинација за настап против Атлетик Билбао, мечот кој е закажан за петок навечер.

Нови тестирања околу повредата ќе му бидат извршени во пресрет на реванш-дуелот, исто така против Баскијците во полуфиналето на Шпанскиот куп, а тој меч е предвиден за 4 март.

Она што е загрижувачки е дека Барди се здоби со повредата на еден месец пред стартот на мундијалските квалификации. Македонија кон крајот на март ќе одигра три натпревари во првиот прозорец, против Романија и Германија на гости, односно против Лихтенштајн во Скопје.

Надежите се дека дотогаш Барди ќе закрепне и ќе му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски, бидејќи тој е меѓу најважните играчи на нашиот национален состав. Штета што Барди токму во овој период се повреди, ако се знае дека за брзо ја поврати формата по закрепнувањето на повредата на грбот.

 

- Оглас -

Најнови вести