28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Лоши вести за Барселона пред дуелот со Баерн Минхен

Барселона утре на свој терен стартува во Лигата на шампиони, и тоа против еден од најтешките ривали, Баерн Минхен. Пред малку повеќе од една година, Барселона го доживеа едно од најголемите понижувања откако со 8:2 загуби од Баерн во четвртфиналето од елитното натпреварување.

Каталонскиот гигант утре ќе има шанса да се реваншира за таа болна елиминација, но тренерот Роналд Куман се соочува со проблеми. Напаѓачот Мартин Брајтвајт, кој беше прв избор на Куман во нападот, заработи повреда на левото колено, а по последните информации, Данецот ќе мора да оди на операција.

Најавите се дека Брајтвајт ќе се врати на теренот дури следната година.

Антоан Гриезман неодамна си замина од Барселона, а Серхио Агуеро е повреден, па единствен вистински напаѓач на Барселона за мечот против Баерн останува Лук де Јонг.

 

- Оглас -

Најнови вести