21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Лоши вести за Ѓоковиќ пред Вимблдон

Пласманот на Тејлор Фриц во финалето на АТП 250 турнирот во Штутгарт, значи дека тој од понеделник ќе биде четвртопласиран на АТП листата и најверојатно ќе биде четврти носител на претстојниот гренслем турнир Вимблдон.

Ова е лоша вест за Новак Ѓоковиќ кој се надеваше дека Фриц ќе испадне до полуфинале и така тој би бил четврти на светот што би значело дека на Вимблдон немаше да може да се сретне со Синер или Алкараз барем до полуфиналето.

Вака, на Новак му се заканува опасност од повторување на сценариото да има четвртфинале со третиот Зверев, па полуфинале со Синер или Алкараз, и финале со еден од нив двајца, а може да биде и полошо и во четвртфинале да налета на Синер или Алкараз. Зверев истотака е финалист во Штутгарт што покажува дека фати добар ритам на тревната подлога.

Ѓоковиќ кој е на одмор во Атина и реши да не игра на турнирот во Квинс каде ќе собереше поени, верува дека има добри шанси да го освои Вимблдон, но патот до трофејот изгледа ќе му биде доста трнлив.

- Оглас -

Најнови вести