Лоши вести за Голден стејт – Кари ќе може да игра кошарка од февруари

Стефон Кари е опериран вчера, откако ја скрши раката на мечот со Феникс санс, а од таборот на Голден стејт вориорс објавија дека паузата за еден од најдобрите кошаркари на планетата ќе биде најмалку три месеци.

Тоа значи дека Кари би можел да почне повторно да игра од февруари, непосредно пред Ол-стар викендот, што е голем удар за поранешниот шампион.

Проблем за една од најдобрите екипи во оваа декада во НБА лигата е што си замина Кевин Дурант, а Клеј Томпсон е повреден и речиси сигурно нема да игра сезонава, па од популарните Сплеш брадрс ќе нема големи претстави сезонава.

Кари ја скрши левата рака на дуелот со Феникс санс, кога на него ненамерно падна центарот на сонцата Ерон Бејнс.

 

- Оглас -

Најнови вести