Лоши вести за Милан, откриено што повредил Златан

Деталните прегледи околу потенцијалната повреда на Златан Ибрахимовиќ утринава донесоа лоши вести за Милан.

Швеѓанецот го оштетил бутниот мускул на левата нога, по што ќе мора да паузира одредено време, додека за десетина дена повторно ќе оди на преглед со цел да се дознае како ќе се одвива неговото закрепнување.

Златан по двата погодоци вчера против Наполи, почувствува болки во бутниот мускул при еден напад на Росонерите, па мораше да го напушти теренот по 79 минути игра.

Ибрахимовиќ дефинитивно ќе ги пропушти следните три меча за Милан, против Лил и Селтик во Лигата на Европа, односно Фиорентина во Серија А. По вторите прегледи ќе се знае дали Ибрахимовиќ ќе добие зелено светло да се врати во составот за средбата против Сампродија која е закажана на 6 декември.

- Оглас -

Најнови вести