Лоши вести за Сити, Гвардиола е загрижен

Манчестер сити трката за титулата во Премиер лигата ќе ја започне без својот најдобар напаѓач. Серхио Агуеро кој е прв стрелец во историјата на клубот, уште нема закрепнато од повредата и нема да биде во составот за дуелот против Вулверхемптон.

Аргентинскиот голгетер се повреди на дуелот против Барнли во меч по враќањето на мечевите во време на Коронавирусот. Повредата беше сериозна, но во Сити се надеваа дека Агуеро ќе биде подготвен за новото првенство. За жал, последните контроли покажале дека можно е голгетерот да паузира уште два месеци.

„Знаевме дека повредата е сериозна. Серхио уште нема одработено ниту еден тренинг и бавно оди неговата рехабилитација. Уште долго време ќе биде надвор од теренот. Може да го очекуваме за месец или два месеци да се приклучи на екипата“, најави тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести