Лошо за Интер: Јувентус се вклучува во трката за Лукаку

Интер најави дека во летниот преоден рок ќе се обиде да направи тим кој ќе биде конкурентен на Јувентус во трката за титулата во Серија А. Нераѕурите веруваат дека може да донесат неколку квалитетни засилувања, а едно од тие е Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед.

Иако се очекуваше Интер да биде единстврниот клуб заинтересиран за Лукаку, наеднаш во трката за белгискиот репрезентативец се вклучува и Јувентус. Италијанскиот првак дури се обидува да покаже и моќ, па најавил дека е подготвен да плати 70 милиони евра за реаиација на овој трансфер, пари кои ги нема Интер во моментов.

Опцијата на Интер е да го добие Лукаку летово на позајмица за сума од 10 милиони евра, а по завршување на сезоната, да моѓе да го откупи неговиот договор за сума од 60 милиони евра. И за да го реализира овој трансфер, Нераѕурите мора да го продадат Мауро Икарди, како би обезбедиле доволна сума на пари.

 

- Оглас -

Најнови вести