Пелистер имаше катастрофална премиера во АБА 2 лигата и во првиот меч загуби од Ловќен убедливо со 23 поени разлика 108:85.
Почетокот не беше лош, па Пелистер поведе со 13:11, потоа се држеа солидно до средината на вториот период, но тоа беше сè што сторија битолчани во деби-мечот во Регионалната лига.
Ловќен со серија од 9:0 направи пресврт, а на полувремето клубот од Цетиње замина со предност од 52:42. Потоа следуваше уште една серија на победникот од 7:0 и приказната заврши далеку пред да заврши мечот.
Ловќен ја доби третата четвртина со 31:14 и потоа одигра рутински за висока победа од 23 разлика.
Кларенс со 20 поени и Мугоша и Вашингтон со по 18 поени беа најефикасни кај Ловќен, додека прв стрелец на мечот беше Никола Малешевиќ од Пелистер со 21 поен. Кесар уфрли 17 поени, а со двоцифрен учинок се уште и Трајковски со 14 поени и Хаутон, кој постигна 11.
Следниот меч за битолчани е задутре, против Сутјеска, уште еден тим од Црна Гора.