Ловрен нема да игра ниту против Манчестер јунајтед

Дејан Ловрен и натаму е надвор од редовите поради повреда на петата, а Јирген Клоп истакна дека нема да смета на него за дербито против Манчестер јунајтед во недела (15:05 часот). Хрватот за иста причина не беше во можност да настапи вчера против Баерн Минхен, а сега не ќе може да помогне на својот тим и против „црвените ѓаволи“.

„Се сомневам дека ќе закрепне навреме. Секојдневно го следиме напредокот на Ловрен, но ќе му биде потребно повеќе време од што мислевме за да се врати во натпреварувачка форма“, истакна Клоп.

Вчера Фабињо принудно играше на централната бековска позиција во комбинација со Матип, Ван Дајк поради суспензија го пропушти дуелот со „баварците“, но дефинитивно е подготвен за големото дерби во Англија, односно за гостувањето на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести