Ловрен: Ништо не го разбирам Ѕјуба, англискиот му е катастрофа

Дејан Ловрен, дефанзивецот на Зенит, полека се адаптира на новата средина во која дојде од Ливерпул, а според она што го раскажува, веројатно со своето присуство придонесува за позитивна атмосфера во тимот. За добредојде, тој морал да мине низ „тунел“ кој го прават староседелците за новите играчи и ги потчукнуваат.

„О да, минав низ тунелот, примив удари од неколку цврсти момци, но беше добро. Фино добредојде ми посакаа, со удари по грбот и стомакот. Дефинитивно ќе им вратам кога некому од нив ќе му биде роденден“, вели Ловрен.

Засега главен проблем му е јазичната бариера. Ќе треба време додека да научи руски јазик.

„Разбирам малку руски, се трудам да научам. Некој зборува англиски, некој германски. Ѕјуба како капитен се обидува да зборува и англиски, но неговиот англиски е… ужасен, хахаха“, додава Ловрен.

- Оглас -

Најнови вести