Љубовта ќе трае: Златан останува во Милан до 2022 година

Златан Ибрахимовиќ и Милан се договорија околу продолжување на соработката до јуни 2022 година, известуваат повеќе италијански медиуми. Се чини дека љубовта меѓу Златан и Росонерите ќе трае најмалку уште една сезона, а се чека само официјална потврда од таборот на Милан околу обновата на договорот.

Во меѓувреме се комплетираат деталите околу платата и бонусите на Ибрахимовиќ, кој во октомври ќе полни 40 години, но и натаму игра на врвно ниво и е главен адут со составот на Стефано Пиоли.

Шведскиот ветеран сезонава реализира 15 погодоци во 16 настапи во Серија А, а пред извесно време ја прекина пензијата и се врати во репрезентацијата на Шведска, со која ќе настапи и на претстојното Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести