Љубовта кон Вардар нема граници, црвено-црното знаме се развеа на Мундијалот! (Фото)

Навивачот на австралиската репрезентација кој на мечот Австралија – Франција на трибините го развеа македонското знаме со сонцето од Кутлеш, денеска во Катар покажа дека и љубовта кон клубот Вардар е голема и нема граници.

Нашинецот Васе на мечот на Австралија со Тунис, со себе носи знамиња на ФК Вардар, и на таков начин му го честиташе 75-тиот роденден.

И маскоти пред стадионот, и други навивачи позираа со пораката на Комитите: „Еден живот, една љубов“

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести