Луд беше мечот, Ла Лига го запиша како реми, иако имаше победник (Фото)

Кадис и Атлетико Мадрид го одиграа најубавиот и најдраматичен меч во новата сезона во Шпанија, а дури и претставниците на Ла Лига беа збунети од возбудливите моменти и резултатската вртелешка, па на крајот објавија погрешен резултат 2:2.

Мечот имаше победник, а славеа домаќините со 3:2 со погодокот на Рубен Собрино со последниот шут на натпреварот во 99. минута.

Во брзање Ла Лига наТвитер објави дека конечниот резултат е 2:2, а без разлика на кикскот Кадис се радува на историска победа, прва против Атлетико во историјата.

Потоа имаше двојна корекција, резултатот беше исправен за победа на Кадис од 3:2, а Ла Лига му го призна и вториот гол на Жоао Феликс за Атлетико, откако претходно го сметаше како автогол на Ернандес.

 

- Оглас -

Најнови вести