Луд финиш во Нур-Султан, Украинците веќе се радуваа на победа, па ги шокира Валиулин (Видео)

Украинците веќе се радуваа на победа по голот на Данило Сикан во 93. минута против Казахстан, но во драматичен финиш ги шокираше Руслан Валиулин со погодок во последен миг за реми 2:2 во Нур-Султан.

Казахстан успеа да израмни со последниот свиреж на судијата Румсас и да се спаси од пораз, во меч што имаше фантастичен финиш и два гола во судиското продолжение.

Јаремчук погоди на извонреден начин во втората минута, а Валиулин израмни на 1:1 во 74. минута и се чинеше дека мечот ќе заврши со по едне гол ан двете страни.

Но драмата почна со погодокот на Сикан, по кој се чинеше дека фаворитот Украина ќе ги освои бодовите на гостински терен.

Kazakhstan 1-[2] Ukraine – Danylo Sikan 90+3′ from soccer

Сепак јунакот на Казахстанците постигна уште еден гол во 96. минута и донесе голема радост на „Астана арена“.

Голот за 2:2 можете да го погледнете ОВДЕ.

Украина има четири нерешени дуели по четири кола во Д групата и моментно е на второто место зад лидерот и актуелен светски првак Франција со 7 бода.

Казахстан е претпоследен со два бода од три меча.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести