Луд гол на третолигашките терени: Голман асистираше преку целиот терен, а завршницата беше уште поатрактивна (Видео)

Гол каков што ретко се гледа и во многу поквалитетните првенства беше постигнат на третолигашки натпревар во Тетово изминатиот викенд. На дуелот помеѓу Љуботен и Камењане (3-1), голманот на домашните Александар Михајловски, упати долга топка која ги прелета сите фудбалери, а Астрит Цека со одличен лоб-удар го совлада противничкиот голман.

По оваа ситуација, кој би рекол дека голманите не знаат да асистираат, а овој гол е уште еден доказ дека и во пониските лиги може да се види интересен фудбал.

Голот може да го видите 2:15 минути на видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести