Луд меч меѓу Раониќ и Вавринка – Победа за Канаѓанецот по четири тајбрејка

Милош Раониќ се пласираше во третото коло од Отвореното првенство на Австралија откако во четири сета го совлада Стен Вавринка со 3-1 (6-7, 7-6, 7-6 7-6). Исцрпувачкиот дуел траеше малку повеќе од четири часа, во кој Вавринка поведе со 1-0, а сетот го освои во тајбрејк со 7-4.

Потоа следуваше „лудилото“ на Канаѓанецот, па ги освои наредните три сета, сите во тајбрејк. За израмнување го освои вториот сет со 8-6, додека третиот сет траеше најдолго. Раониќ поведе со 2-1 по 13-11 во третиот тајбрејк на средбата, а пласманот во следната рунда го обезбеди со 7-5 во последниот тајбрејк на мечот.

Раониќ во следното коло ќе игра против Французинот Пјер-Уг Eрбер, кој со 3-1 во сетови го елиминираше Хјан Чанг.

Кеј Нишикори исто така се намачи за да обезбеди пласман во следната рунда oткако по пет сета беше подобар од Иво Карловиќ со 6-3, 7-6, 5-7, 5-7, 7-6. Се чинеше дека Јапонецот лесно ќе помине со 39-годишниот тенисер, но Карловиќ при негатива од два сет, успеа да се врати во игра и да изнуди петти, одлучувачки сет.

Хрватот можеше и до триумф откако во тајбрејкот водеше со 7-6, а потоа Нишикори освои четири поени во низа и ја запиша новата победа. Во следното коло, Нишикори ќе игра против Жоао Суса, кој беше подобар од Филип Колшрајбер со 3-2 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести