Луд меч на „Еланд роуд“ – Без Алиоски нема Премиер лига за Лидс, Дерби ќе игра финале со Астон вила

Дерби го нокаутираше Лидс во реваншот од полуфиналето за пласман во Премиер лигата, победи со 4:2 и ја анулираше негативата од 0:1 од првиот меч, доволно за меч на „Вембли“ против Астон вила, што ќе одлучи која екипа ќе биде учесник во една од најсилните лиги на светот.

За Лидс не настапи Езџан Алиоски поради повреда, а нашиот репрезентативец и неговите соиграчи ќе мора да почекаат барем уште една сезона за евентуален настап во Премиер лигата.

А, и реваншот почна одлично за Лидс, екипата која поведе со 1:0 со голот на Далас во 24-тата минута. Во тој момент Лидс имаше вкупна предност од 2:0, но се разигра Дерби.

Лампард нареди офанзива што донесе ефект за гостите. Мериот израмни со гол во 45-тата минута, а потоа прецизни беа Маунт и Вилсон од пенал за предност на гостите од 3:1. Потоа Далас повторно погоди, па пак Лидс се врати во игра, но исклучувањето на Берарди и новиот гол на Мериот ги докусури домаќините.

Лидс и во регуларниот дел од сезоната имаше добитна позиција, но не успеа да се пласира директно во Премиер лигата, а и сега испадна во доигрувањето.

Финалето ќе се игра на „Вембли“, на 27 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести