Луд меч на Голд купот: Пет гола за 14 минути, мајсторска „Паненка“ и светски рекорд (Видео)

Домаќинот на следното Светско првенство, Катар, учествува со специјална покана на Голд купот (првенство на Северна и Средна Америка) и на мечот со Панама кој заврши со 3-3, покажа дека има квалитетни поединци во офанзивниот дел. На овој спектакуларен меч, пет од шесте гола паднаа во период од само 14 минути, од 48-мата до 62-рата, кога беше 3-2 за Катар, но Панама изедначи во 79-тата од пенал.

Катарецот Али Алмоез, кој има 24 години, стана прв фудбалер во историјата кој постигнал гол на три различни континентални шампионати. Пред да погоди на Голд купот, тој постигна погодоци и на Азиското првентво и на Копа Америка (првенство на Јужна Америка), каде што Катар исто така играше како поканет во 2019 година.

Она што исто така го одбележа мечот беше третиот гол на Катарците, кој беше дело на Ал Хајдос, фудбалер кој пеналот го реализира на многу атрактивен начин, со „Паненка“. Погледнете како Ал Хајдос го измами голманот:

https://twitter.com/i/status/1415134222793297924

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести