„Луд“ меч на Гркот, застана на бројката 50, блескаше и Лука Дончиќ (Видео)

Шампионот Милвоки бакс на свој терен ја победи Индијана со 128:119, во меч на кој блескаше Јанис Адетокумбо. Незадржливиот Грк постигна неверојатни 50 поени и е најзаслужен што Милвоки стигна до 36-тата победа во 59 меча сезонава и моментно тоа е доволно за третото место на Истокот.

Адетокумбо имаше и неверојатно добар процент на реализација и погоди 17 од 24 шута, а имаше и 14 скока и четири асистенции. Центарот беше најдобар кога беше најпотребен, па во последната четвртина постигна дури 19 поени.

Далас на гостински терен го надигра Мајами со 107:99, а очекувано најдбар на теренот беше Лука Дончиќ. Словенецот заврши со 21 поени, 10 скока и шест асистенции.

Најдобриот тим во лигата, Феникс санс продолжува да „гази“. Сонцата стигнаа до 17-та победа во последните 18 средби откако на свој терен со 103:96 беа подобри од ЛА клиперс. Феникс сега има скоро од 47 победи и само 10 порази.

Резултати: Атланта – Кливленд 124:116, Мајами – Далас 99:107, Филаделфија – Бостон 87:135, Милвоки – Индијана 128:119, Минесота – Шарлот 126:120, Њу Орлеанс – Мемфис 109:121, Феникс – ЛА клиперс 103:96.

- Оглас -

Најнови вести