Луда идеја во Аргентина: Да има фудбал, ама без корнери и слободни удари

Аргентинците и Бразилците беа едни од последните кои решија да ги прекинат фудбалските првенства поради пандемијата од Коронавирусот. Во Јужна Америка фудбалот се следи со посебна страст, а едноставно навивачите не може да издржат без својата омилена страст.

Во Аргентина се појави една луда идеја, а тоа е да се продолжи со играњето, но на еден необичен начин. Поради специфичната ситуација, би се вовеле нови правила во фудбалот, а тоа е да нема корнери и слободни удари. Зошто би се укинале овие делови од фудбалот?

Според логиката на тие кои ја смислиле идејата, е дека ако нема корнери и слободни удари, ќе нема групирање на повеќе фудбалери на многу мал дел од теренот. На тој начин не се избегнува почест контакт на фудбалерите, а така ќе се намали и опцијата за ширење на вирусот на теренот.

Сепак, ова се многу нелогични идеи затоа што не може да нема слободни удари, затоа што во тој случај ќе нема ни потреба сидиите да судат фаули. Кризата од немање фудбал едноставно носи најразлични нелогични идеи и предлози.

https://twitter.com/i/status/1246565810300170242

 

 

- Оглас -

Најнови вести