Луда статистика: Мустафи подобар дефанзивец од Ван Дајк

Шкодран Мустафи, дефанзивецот на Арсенал, е подобар од Вирџил ван Дајк од Ливерпул, покажува статистиката. Малкумина се оние кои би се согласиле со оваа констатација, но статистиката и „голите бројки“ се факт.

Мустафи има повеќе успешни лизгачки стартови од Ван Дајк, а германскиот репрезентативец е подобар и во однос на успешно пресечените топки во однос на Холанѓанецот од Ливерпул. Кога се работи за офанзивниот дел, двајцата имаат дадено по два гола, а Ван Дајк сезонава одигра 35 меча, додека Мустафи на теренот беше на 28 средби.

Овие бројки се уште посмешни ако се знае дека Мустафи сезонава често е цел на критики од фановите на Арсенал. Тие го сметаат Мустафи како директен виновник за неколку лоши резултати. Мустафи сезонава направи неколку кардинални грешки по кои „топчиите“ примија голови. Последен таков случај беше на дуелот против Кристал палас во поразот на свој терен од 2-3. Мустафи згреши, а Заха тоа успеа да го казни.

https://youtu.be/_GDQWlpbToo

Додека Мустави е еден од најомразените играчи кај навивачите на Арсенал, Ван Дајк е миленик на фановите на Ливерпул. Најскапиот дефанзивец во светот ја игра најдобрата сезона во кариерата, а поради тоа е и во топ 6 играчите кои се борат за наградата „Најдобар фудбалер во Премиер лигата“ за оваа сезона.

Ван Дајк направи трансфер во Ливерпул за рекордни 85 милиони евра, а Арсенал за Мустафи плати 41 милион евра. Еве ја статистиката која воопшто не ја отсликува реалната ситуација на теренот, но бројките тоа го покажуваат.

Шанса за ново докажување Мустафи ќе игра утре, и тоа на гостувањето на Арсенал против Вулверхемптон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести