Луда трка: Маркез ја освои Големата награда на Шпанија

Марк Макрез ја освои големата награда на Шпанија, откако патеката пред своите фанови беше побрз од Андреа Довициозо. Трката уште на стартот донесе големо изненадуање, возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, кој започна од пол-позиција, уште на првата кривина излета од патеката и за него трката заврши.

Неговиот колега од тимот, Довициозо потоа ја презеде иницијативата, но Маркез цела трка му „дишеше во врат“. Борбата за првото место се вжешти во последните 10 кругови, кога Маркез константно го напаѓаше Довициозо и на секои две до три кривини го делеа првото место. На пет круга до крајот од втор план се приклучи и возачот на Сузуки, Андреа Јаноне, кој за момент застана пред фаворитите, но набрзо отпадна од борбата за првите две места.

Довициозо беше во водство до последниот круг, а уште на првите кривини во финалниот круг Маркез нападна и се избори за првата позиција и максимални бодови од оваа трка. Довициозо заостана само шест стотинки зад Шпанецот. Валентино Роси стартуваше од 17-тата позиција, а заврши како осми најдобар возач на оваа трка

За Маркез ова е шеста победа сезонава, сега има 221 бодови на табелата, а Роси го загуби второто место, откако Довициозо со освоеното второ место од оваа трка има вкупно 154 бода, три повеќе од искусниот Италијанец.

- Оглас -

Најнови вести