Од осумте натпревари кои се одиграа ноќеска во кошаркарската НБА лига, најдраматичен беше тој во Хјустон, каде домашните го победија Њу Орлеанс со 107-105.
Кевин Дурант даде кош на 7 секунди до крајот, и средбата ја заврши со 32 поени. Но, тука не беше крајот. Беа досудени слободни фрлања за гостите, Мареј откако го утна првото, намерно го утна и второто, Пеликаните ја фатија топката, и Марфи во последната секунда имаше обид за три поени и победа, но за малку не погоди. Со оваа победа, Ракетите се искачија на трето место во западната конференција.
Ентони Едвардс стана вториот кошаркар во НБА по Лука Дончиќ кој на 10 меча сезонава постигнал 40 или повеќе поени. Популарниот Ент, уфрли 42 поени против Голден стејт во победата на Минесота од 127-117. Во форма е и Каваи Ленард (на 44 меча по ред дава над 20 поени) кој му го донесе четвртиот триумф по ред на ЛА Клиперс. Совладан е Чикаго со 119-108.
Лидерот на Истокот, Детроит, беше подобар од Мемфис со 126-110. Пистонс има три победи по ред, а Гризлис има седум порази едноподруго. Детроит откако имаше црна серија од четири порази во низа, сега има три победи по ред и тоа со просек од 25,3 поени разлика. Кај Клиповите седум играчи имаа двоцифрен број поени, Дурен беше најефикасен со 30, додека Канингем се истакна со 15 асистенции.
Погледнете како Хјустон за малку ќе испуштеше победа против Њу Орлеанс:
Houston holds on after a CRAZY end of game sequence 🤯
Murray intentionally misses the FT…
Murphy’s fadeaway at the horn just misses! pic.twitter.com/AafYc5n0KJ— NBA (@NBA) March 14, 2026

