Луда завршница во Ботев – Шкеле погоди страшна тројка за победа, но задоцни, па тагуваше по две продолженија (Видео)

Летонскиот репрезентативец Ејгарс Шкеле постигна една од најубавите тројки во европската кошарка, ќе беше и победничка во Ботев ако не задоцнеше само за една стотинка во лудиот меч од квалификациите за настап на ЕП 2021 година.

Бугарија и Летонија го одиграа најдраматичниот меч во првите две кола од квалификациите, а домаќините во Ботев се радуваа на победа од 110:104.

Најпрво имаа среќа во регуларниот дел и со тројката на Станимир Маринов од табла израмнија на 85:85 само на четири секунди до крајот на регуларниот дел и потоа се извлекоа и во првото продолжение. Шкеле при резултат 96:96 од својата половина погоди неверојатна тројка, што ќе беше победничка за Летонците ако не доцнеше за дел од секундата.

Во второто продолжение доминираа Бугарите и славеа со 110:104.

Погледнете ја баскет-драмата во Ботев и тројките на Маринов и на Шкеле, едната регуларна, втората неверојатна, но и неважечка.

- Оглас -

Најнови вести