Незапамтен инцидент се случија по завршување на полуфиналето меѓу Колумбија и Уругвај на Копа Америка. Колумбија победи со 1:0, но триумфот остана во сенка на нередите кој се случија веднаш по завршување на дуелот.
Дел од фудбалерите на Уругвај втрчаа на трибините каде имаше тепачка. Алармантно беше тоа што нередите беа на делот каде што се наоѓаа жените и децата на играчите на Уругвај.
Брутално делуваше сцената каде Дарвин Нуњес влезе во првите редови да се тепа со фановите на Колумбија, за да ги одбрани своите најмили. За среќа, на крајот никој не беше посериозно повреден. По овој инцидент се најави дека е можно да има драстични казни за фудбалерите на Уругвај кој влегоа да се тепаат, на што жестоко реагираше селекторот Марсело Биелса.
Популарниот „Лудак“ вели дека фудбалерите биле принудени да ги бранат своите семејства и дека наместо да се бара казна за вистинските виновници за инцидентот, тие сакаат да ги казнат Уругвајците.
„На стадионот беа нападнати мајки со деца во прегратките. Наместо моите фудбалери кои беа принудени да се тепаат за да ги спасат најмилите, да добијат извинување, сега им се заканува казна. Треба да бидат казнети оние кои иницираа играчите да се однесуваат така. Тоа се оние кои не го спречија нападот, кои не обзбедија место за бегање ако дојде до напад“, луто викаше Биелса.
In another life, Darwin Núñez would've been a cage fighter pic.twitter.com/D2ScJF8uS7
— Football Report (@FootballReprt) July 11, 2024
Селекторот на Уругвај имаше порака и за челниците на КОНМЕБОЛ. „Извинете се ја фудбалерите и на нивните семејства! Чекајте, вие навистина место да се извините мислите да ги суспендирате? Единствено што треба да кажете е: „Згрешивме и ја превземаме одговорноста за тоа“, револтирано вели Биелса кој имаше забелешки и за терените на кои тренирале и ги играле натпреварите.
https://twitter.com/i/status/1811851728301560074