Лудница е во Хајдук – За еден ден продадени 20 илјади влезници за дербито против Динамо (ФОТО)

Како ретко кога во последните години Хајдук е конкурентен за титулата во хрватскиот шампионат.

Иако во моментов се на четврттото место со 47 бодови, имаат само пет помалку од лидерот Осијек, но и натпревар помалку. Од пополноќ започна продажбата на карти во големото дерби против Динамо Загреб кое се игра на 12-ти март.

По еден изминат ден откога билетарите се отворени, продадени се 20 илјади карти, а голема е веројатноста дека останатите ќе бидат распродадени утре.

„Пољуд“ ќе биде полн за средбата на двата големи ривали која е закажана за наредната сабота со почеток од 18:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести