Лудница каква не се памети во Џенова: Исклучени двајцата голмани, па Жиру во улога на голман го спасуваше Милан (Видео)

Екипата на Милан забележа тешка, но знајачајна победа од 0-1 на гостувањето кај Џенова и се искачи на првата позиција на табелата во Серија А.

Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен бидејќи двајцата голмани беа исклучени. Најпрво директен црвен картон заработи голманот на Милан, Мајк Мањан, поради фаул надвор од голманскиот простор во 99-тата минута.

Четири минути подоцна, односно во 103-тата минута и голманот на Џенова “поцрвене“, но со втор жолт картон и тоа поради фаул во противничкиот шеснаесетник, откако истрча да помогне во нападот.

Џенова ги немаше направено сите измени, па резервниот Леали застана меѓу стативите, но Милан веќе ги имаше искористено сите измени, па ракавиците на Мањан ги зеде Оливие Жиру, кој ја презеде улогата на голман. На крајот се покажа дека токму Жиру со пожртвуваните интервенции ја спаси победата на Милан.

- Оглас -

Најнови вести