Лудница во Англија: Њукасл и Лутон одиграа 4:4, неверојатно колку голови има на сите мечеви

Неверојатно е тоа што се случува во Премиер лигата во последните пет дена. На десет од последните 11 меча кои беа одиграни во англиската елитна лигата имаше гол-шоу и завршуваа со ГГ4+. Сите 11 последни средби беа со гол-гол комбинација, а вкупно на тие дуели беа постигнати неверојатни 53 голови.

Денеска се одиграа четири меча во Премиер лигата и сите беа ГГ4+. Највозбудливо беше на „Сент Џејмс Парк“, каде Њукасл и Лутон ремизираа 4:4. Њукасл два пати водеше во првото полувреме, а Лутон успеваше да израмни. На почетокот на вториот дел, гостите постигнаа два погодоци за предност од 4:2, но Њукасл не се предаде и домаќините постигнаа два гола за да израмнат на 4:4.

Барнли и Фулам ремизираа 2:2, ист резултат како што беше и на Евертон – Тотенхем. Единствено на триумф се радуваше Брајтон и тоа откако дома со 4:1 го победи Кристал Палас.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОСЛЕДНИТЕ 11 МЕЧА КОИ СЕ ОДИГРАА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

- Оглас -

Најнови вести