Лудница во Монца, ваков исход на трка од Формула 1 немало 11 години

Даниел Рикјардо го освои првото, а Ландо Норис второто место на денешната трка за Големата награда на Италија, возена на патеката Монца, и тоа е прва „еден-два“ победа за некогаш неприкосновениот Мекларен после пауза од 11 години.

Рикјардо водеше цела трка и заслужено триумфираше, а Норис имаше и доза на среќа што мина втор низ целта, бидејќи фаворитите со кои се бореше, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, во 26-тиот круг се судрија, и предвреме ја завршија трката.

Третото место му припадна на Валтери Ботас кој стартуваше 19-ти, а заврши четврти, но третиот Перес доби казна од пет секунди и тоа го симна на петта позиција.

- Оглас -

Најнови вести