Лудо било на забавата во Белград: Ѓоковиќ ја соблече маицата и пееше на цел глас (Видео)

Новак Ѓоковиќ се покажа како одличен домаќин и организатор на тенискиот турнир „Адрија тур“, на кој триуфмираше Доминик Тим. Ова беше прв поголем тениски турнир по пауза од три месеци, а беше дозволено и присуство на публика, па на терените на „Новак“ речиси постојано имаше полни трибини, односно по околу 5.000 гледачи.

Многумина од тенискиот свет ја критикуваа оваа организација во која немаше никакви протоколи за заштита од корона-вирусот, но Ѓоковиќ тоа многу не го загрижи.

Светскиот рекет број 1 на крајот од турнирот организираше забава, на која атмосферата била на завидно ниво. На дел од снимките кои се појавија, Новак е без маица и до половина гол игра и пее заедно со своите пријатели.

 

- Оглас -

Најнови вести