Тим го освои Адрија турнирот против домаќинот, а на публиката ѝ „продаде“ уште една финта (видео)

Доминик Тим го оствари вториот триумф денеска, овојпат во финалето на Адрија турнирот против домаќинот Филип Крајиновиќ со 2-1 во сетови (4-3, 2-4, 4-2). Австриецот го освои егзибицискиот турнир во Белград кој го организираше Новак Ѓоковиќ, па иако играше против домашен тенисер успеа да ги добие симпатиите на публиката.

Тим претходно против Димитров освојуваше поени со акробациски удари, а на сличен дури и потежок начин го оневозможи и Крајиновиќ. Адрија турнејата продолжува во Задар, Хрватска, на 20 јуни.

- Оглас -

Најнови вести