Лудо е што му се случи на тенисерот роден во Скопје – Се „укочи“ и падна како покосен на сред терен и потоа јуначки продолжи да игра (Видео)

Стефан Козлов ги исплаши сите присутни на АТП-турнирот во Акапулко кога во вториот сет на дуелот со Григор Димитров оддеднаш се „укочи“ на теренот и падна како поскосен.

Тенисерот што е роден во Скопје, но игра тенис за САД, имаше големи проблеми со грч на бутниот мускул, а по реакцијата се чинеше дека може да е и нешто многу посериозно.

Падна на теренот и побара помош, а кога се чинеше дека ќе мора да го предаде мечот, сепак, јуначки продолжи да игра.

Во моментот на повредата, Козлов направи брејк и поведе со 5:3 во вториот сет, откако го доби првиот со 7:6.

Потоа Димитров ја искористи ситуацијата за да се спаси од пораз и со четири гема по ред го доби вториот сет со 7:5.

Сепак, Козлов одигра јуначки и дури успеа и да победи со 7:6, 5:7, 6:3 и во следното коло може да игра со Рафаел Надал, ако Шпанецот го победи Денис Кудла.

Козлов е роден во Скопје во 1998 година, но има американски пасош и игра за САД.

- Оглас -

Најнови вести