Лудо, но реалност: Дури девет екипи од Англија ќе играат во Европа, комбинации има многу

Англиската Премиер лига испиша историја затоа што во следната сезона ќе има дури шест клубови кои ќе играат во Лига на шампиони. Покрај загарантираните четири места, благодарение на УЕФА коефицинетот, Англија доби уште едно место во ЛШ, а шестиот тим ќе биде шампионот од Лига на Европа, каде во финалето ќе играат Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Освен во Лига на шампиони, Англија ќе има свои преставници и во Лига на Европа, но и во Конференциската лига. Вкупно девет клубови од Англија ќе играат на европско ниво следната сезона, што е речиси половина од 20-те клубови во Премиер лигата.

Лигата на Европа е резервирана за шестопласираниот тим во Премиер лигата и победникот на ФА Купот, со услов дека доколку Манчестер Сити го победи Кристал Палас во финалето, шестопласираните и седмиот тим во Премиер лигата ќе се квалификуваат за Лигата на Европа.

Конференциската лига е резервирана за победникот на Карабао Купот, но ако Њукасл заврши во Топ 6, седмопласираниот тим од Премиер лигата ќе се квалификува за тоа натпреварување.

Ако Сити го освои ФА Купот и е во Топ 6 или Топ 7, и ако Њукасл и Сити се во Топ 6, а Челзи е шести, тогаш осмопласираниот тим од Премиер лигата исто така ќе оди во Конференциската лига.

Интересно е што постои и исход според кој ниту еден англиски тим нема да влезе во Конференциската лига, а тој ќе биде важечки ако Челзи ја освои Конференциската лига и биде седми во шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести