Лудо попладне во Италија – Покер асови паднаа, Квартараро искористи и победи (Фото+Видео)

Луд старт имаше трката за Гран-При Италија во Мугело, со пад на тројца познати асови, Маркес, Бањаја и Морбидели, а финишот му припадна на Фабио Квартараро, кој прв мина низ целта.

Квартараро ја искористи ситуацијата, особено по падот на Бањаја, кој беше лидер, но загуби контрола над моторот и излета од патеката, па потоа и се откажа.

Втор низ целта мина Португалецот Мигел Оливеира, а место на подиумот имаше и за Шпанецот Жоан Мир. На крајот сепак имаше смена на позициите, поради казна за Оливеира, па тој е трет, а Мир е на второто место.

Со него во аут на стартот беше и Марк Маркес, а Морбидели сепак успеа да се врати на патеката и да ја заврши трката.

Во финишот падна и Алекс Ринс во трка што имаше невообиачен тек, со проблеми за покерот асови. За Квартараро ова е шестта победа во Мото ГП во кариерата и трета оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести