Лудо прво полувреме во Мадрид: Атлетико прими три гола за 12 минути, но не губи!

Атлетико Мадрид и Хетафе го одиграа најспектакуларното полувреме сезонава во шпанската лига.

Јорганџиите беа доминатни и водеа со комотни 2-0 до 30-та минута, а тогаш почна лудилото. Хетафе за 12 минути направи целосен пресврт, даде три гола, од кои два од пенал. Сепак, поради многуте прекини, полувремето беше продолженено за 8 минути, па Анхел Кореа ја искотисти шансата да изедначи на 3-3, со својот втор гол вечерва.

Хетафе на 11-те претходни гостувања кај Атлетико немаше дадено гол, а вечерва даде дури три гола.

- Оглас -

Најнови вести