Лудо славење на навивачите на АЕК по освојувањето на шампионската титула во Грција (Видео)

АЕК од Атина по 13-ти пат ја освои шампионската титула во Грција, но првпат по 2018 година. Во последното коло им беше потребен само бод за и теоретски да ја обезбедат титулата пред Панатинаикос, но тоа го направија со голем стил и со победа од 4-0 против Волос.

Следуваше лудо славење не само на трибините на „ОПАП арената“, туку и надвор низ улиците на Атина.

Убедливо најтрофејна екипа во грчкиот фудбал е Олимпијакос од Пиреја со 47 шампионски трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести