Лудогорец и Динамо Загреб имаат тешка задача

Лудогорец – Митјиланд (фудбал, квалификации за ЛШ, 19.30 часот)

Дуелот на бугарскиот и данскиот шампион е едно од дербијата денеска, а посебна привлечност има фактот дека решава само еден меч, нема реванш. Во Разград, Лудогорец последен пат прими повеќе од еден гол во февруари против Интер од Милано. Данската лига заврши пред еден месец, оттогаш Митјиланд играл само две контроли, и тоа е нивен хендикеп. Лудогорец на последните четири меча дава три или повеќе голови.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.78)

 

Клуж – Динамо Загреб (фудбал, квалификации за ЛШ, 20.00 часот)

Адеми и другарите ќе имаат тешка задача бидејќи Клуж е опасен тим кој на свој терен бележи добри резултати и по еден месец, пак играат дома и ќе бидат многу мотивирани. Хрватскиот првак со евентуална победа би ја презел носителската улога во следната рунда. Динамо има низа од пет меча без примен гол, па пред Романците е сериозен предизвик. Двата тима се комплетни, немаат повредени или суспендирани играчи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

Селтик – Ференцварош (фудбал, квалификации за ЛШ, 20.45 часот)

Селтик мора да го искористи фактот што игра дома за да се пласира во следната фаза од квалификациите. Шкотите во претходното коло го разбија КР Рејкјавик со 6-0, но унгарскиот првак, кој нема многу Унгарци во својот состав, рутински го елиминираше шведски Ѓургарден со 2-0. Ова е судир на концепции бидејќи Селтик дома е многу ефикасен, а на последните пет меча на Ференцварош паѓаа 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.03)

 

АЗ Алкмар – Викторија П’лзењ (фудбал, квалификации за ЛШ, 16.30 часот)

Ова е дуел на две екипи кои беа второпласирани во националните шампионати во минатата сезона. Холанѓаните имаа среќа во ждрепката и дуелот за пласман во следното квалификациско коло ќе го играат дома, што секако е предност, иако на трибините нема да има публика. Сепак, АЗ Алкмар иако е мал фаворит на хартија, не значи дека сигурно ќе победи. П’лзењ има шест победи по ред, тешко прима голови, а и чешката лига е почната, за разлика од холандската. Алкмар не е во ритам, последен пат играше на 15 август во контрола против Монако и загуби со 0-2.

Предлог тип: Т1 1-2 (1.58)

 

Динамо Москва – Зенит (фудбал, Русија, 19.45 часот)

Динамо фино ја отвори сезоната со седум бода во првите три кола, но загуби во четвртото коло и сега треба да се вадат против лидерот кој има максимален учинок од 12 бода по четири меча. Зенит е најдобар тим во Русија, па играњето против него е мотив за секого, особено за екипи од Москва. Динамо и Зенит имаат примено само по два гола, но тимот од Санкт Петербург има дадено 10 гола, со што е најефикасен во лигата. Традицијата најавува неефикасен меч. Зенит речиси една година (од септември 2019) нема пораз во руската лига.

Предлог тип: 2 (1.73)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

АЗ Алкмар – Плзен 1Х & Т1 2+ (2.10)

Динамо Москва – Зенит 2 & 2-4 (2.65)

Селтик – Ференцварош 1 & 3+ (2.20)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести