Лудориите на Балотели немаат крај: Фрли петарда во соблекувална (Видео)

Марио Балотели, кој пред неколку дена беше исфрлен од екипата на Адана поради несогласување со управата, се врати во составот и играше против Караѓумрук и веднаш повторно се најде во центарот на вниманието.

Италијанскиот напаѓач го постигна единствениот гол и му донесе радост на својот тим, кој во претходните 10 кола не знаеше за победа. По завршување на мечот, Балотели триуфмот го прослави во свој стил. Запали петарда и ја фрли во соблекувалната.

Еден соиграч на Балотели кој не ја виде петардата се најде во нејзина близина и буквално се преплаши, додека Италијанецот си ги заштити ушите.

Балотели сезонава одигра девет меча и постигна пет гола за тимот на Адана.

- Оглас -

Најнови вести