Луис ван Хал: Мурињо е заслужен за тоа што Манчестер победува

Луис ван Хал неодамна стави крај на тренерската кариера, но со тоа не заврши и неговото „мешање“ во фудбалот. Легендарниот холандски стратег вели дека победите и успесите на Манчестер јунајтед во последните неколку месеци се благодарение на Жозе Мурињо, кој во декември беше избркан од тренерското место.

Според Ван Хал, Оле Гунар Солскјер не променил ништо во тактиката на тимот и тоа што Манчестер сега го игра е научено уште од Мурињо.

„Кога дојде Мурињо во Манчестер, тој реши да ‘паркира автобус’ во одбараната и да игра на контранапади. Сега на чело на екипата е друг тренер, но тактиката е иста. ‘Паркираниот автобус’ повторно е таму, а најмногу се напаѓа преку контранапади. Единствената разлика меѓу Мурињо и Солскјер е тоа што Норвежанецот сега победува“, вели Ван Хал, кој исто така еден период беше на чело на гигантот од „Олд Трафорд“.

Според Ван Хал, овој Манчестер јунајтед со тој што го има градено и создадено Сер Алекс Фергусон нема ништо заедничко.

„Ова е сосема поинаков Манчестер од тој во времето на Сер Алекс Фергусон. Сега игра дефанзивен фудбал со контранапади, а порано не беше така“, анализира тазе пензионираниот холандски стратег.

Со Солскјер на чело на клупата, „црвените ѓаволи“ повторно се вратија во трка за место кое води кон излез во Лигата на шампионите за следната сезона, а тимот направи и неверојатен камбек и го елиминираше фаворизираниот ПСЖ во осминафиналето од ЛШ. Манчестер викендов ќе ја продолжи битката во Премиер лигата, а следен ривал е Ватфорд. Дуелот се игра на „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести