Луис Енрике: Може да бидам првиот што бил и играч и тренер на Реал и Барса, но нема да го направам тоа

По повод 125-тиот роденден на Барселона, тренерот на ПСЖ и некогашен играч и тренер на Барса, Луис Енрике, даде интервју за каталонски медиум во кој кажа интересни работи.

Енрике отворено зборуваше за своето минато и за минатото во Реал Мадрид. Тој има  можност да биде стане човек што и играл и бил тренер на двата најголеми шпански клубови.

„Мислам дека нема некој во историјата кој бил играч и тренер на Барса и Мадрид… Можам да соборам рекорд. Би било добро хахаха. Само се шегувам. Нема да го сторам тоа“, изјави со насмевка на лицето.

Енрике во интервјуто кажа и дека натпревар со најнезаборавна атмосфера на „Камп ноу“ што го памети е оној кога Луиш Фиго првпат гостуваше таму како играч на Реал Мадрид по шокантниот трансфер од Барса во Реал во 2000 година.

„Фиго ни беше брат. Тој беше нашиот најдобар играч и отиде во Мадрид. Имаше страшен притисок од трибините. Се сеќавам дека со Гвардиола коментиравме дека е невозможно да загубиме и навистина победивме. Имаше енергија која беше дури и страшна. Фиго беше најдобар во Реал и покрај тој притисок кој ни јас не го замислував дека ќе го има“, се присетуваше Енрике, кој од Реал премина во Барса и не е омилен во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести