Луис Гарсија е нов тренер на Вилјареал

Само неколку часа траеше неизвесноста околу тоа кој ќе биде новиот тренер на Вилјареал по разделбата со Хавиер Калјеха. Довербата ја доби Луис Гарсија Пласа, кој потпиша договор до крајот на сезонава, а во моментов го држи првиот тренинг со „жолтата подморница“.

Луис Гарсија работеше како тренер во Кина, а во сезоната 2005/06 беше тренер на вториот тим на Вилјареал, кој тогаш се натпреваруваше во трета лига. Бил тренер и во Обединетите Арапски Емирати, како и на Леванте и Селта Виго.

Прва задача на мадридскиот стручњак ќе биде во четврток да му донесе победа на Вилјареал во дуелот со Спартак Москва во Лигата на Европа. На Вилјареал му треба победа за да оди во следната фаза од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

- Оглас -

Најнови вести