Луис Хамилтон го стигна Шумахер – Британецот по седми пат е шампион во Ф1!

Луис Хамилтон покажа зошто е убедливо најдобриот формула 1 возач на денешницата, откако триумфално помина и на трката за Големата награда на Турција. Британецот стартуваше од шестата позиција, но на хаотичната трка во Истанбул покажа дека и технички и тактички е најдобар, па на крајот заврши како првопласиран со дури 26 секунди пред второпласираниот Перес.

Во последниот круг имаше драма за освојување на второто место кога Леклер прво го помина Перес, потоа Перес си ја врати втората позиција, а на крајот Леклер ја загуби го загуби и третото место од Ветел.

Хамилтон со оваа победа во Турција и официјално стигна до седмата титула во Ф1 шампионатот и се израмни со легендарниот Михаел Шумахер. Британецот првата титула ја освои во 2008 година, а шест години подоцна започна неговата доминација. Беше шампион во 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и сега во 2020 година.

Цел викенд беше врнежливо во Истанбул, па очекувано и трката беше драматилна. Уште на стартот во првиот круг се случи мешаница и имаше рестарт. Во услови кога возачите едноставно не знаеја какви гуми ќе им бидат најпотребни на патеката на која во одреден дел беше водена, а во еден дел сува, Хамилтон тактични беше најдобар.

Британецот направи промена на гумите во првите неколку круга и потоа повеќе од 50 кругови возеше со исти гуми кои издржаа и на крајот се радуваше испишувајќи историја.

- Оглас -

Најнови вести