Луис Хамилтон посакува дожд во Хокенхајм

Лидерот во шампионатот на Формула 1 и актуелен првак, пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, се надева дека прогнозите на метеоролозите ќе се остварат, а тоа е дека ќе има дождливо Гран-при на Германија на патеката Хокенхајм.

Ако нема дожд, Британецот стравува дека неговиот тим би можело да потфрли, иако според денешниот прв слободен тренинг не изгледа така. Денеска се возеше на суво и топло време, а најбрзи времиња имаа токму пилотите на Мерцедес, кои доминираат и годинава.

Болидите на Мерцедес на трката во Германија ќе имаат изменет дизајн, на предната страна доминира белата наместо сивата боја. Годинава, само во Австрија не победија Хамилтон или Валтери Ботас, а токму на „Ред Бул ринг” во Шпилберг, болидот на Мерцедес имаше проблем со ладењето на моторот чија моќност остварува многу високи работни температури.

Речиси во цела Германија температурите за нетипично високи, а така се очекува да биде и утре на официјалните квалификации. Но, ситуацијата ќе биде поинаква в недела за време на трката, кога се очекува пад на температурата и дожд.

„Ако времето остане толку топло, ќе имаме потешкотии. Подобро ќе биде за нас ако заврне дожд”, вели Хамилтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести