Луис Суарес испиша историја во шпанскиот фудбал, постигна три гола за шест минути (Видео)

Алмерија со предност од 3:0 замина на полувреме против Гранада во дуел од осмото коло во шпанското првенство, а средбата ќе се памти по шоуто на домашниот фудбалер Луис Суарес.

Напаѓачот има славно име и презиме како уругвајскиот голгетер, но овој Луис Суарес е од Колумбија и испиша историја во Примера дивисион.

Во периодот од 41 до 45+1 минута, Суарес постигна дури три гола, а интересно е дека на сите три погодоци асистент беше белгискиот напаѓач Ларжи Рамацани.

https://twitter.com/i/status/1708462447621812721

https://twitter.com/i/status/1708463671347716161

 

- Оглас -

Најнови вести