Луис Суарес ќе го менува Луис Суарес во Барселона

Барселона продолжува со потрагата по замена за повредениот Луис Суарес на кого му заврши сезоната по тешката повреда. Во текот на зимскиот преоден рок Каталонците имаа неуспешни обиди да доведат нов голгетер, но и натаму имаат шанса да ангажираат фудбалер со помош на правилото кое дозволува да се купи/позајми играч само од шпанска екипа.

Затоа управата на Барса се насочи кон втората шпанска лига, а заменикот на Уругваецот го најде во редовите на Реал Сарагоса. Станува збор за напаѓачот кој има идентично име и презиме како ѕвезда на шпанскиот првак, Луис Суарес, но доаѓа од Колумбија наместо од Уругвај.

Суарес за Сарагоса сезонава постигна 14 погодоци и 3 асистенции на 24 средби со кои придонесува за тимот да се избори за пласман во елитата. Единствен проблем е што Суарес игра како позајмен играч од редовите на Ватфорд, па Барса прво ќе мора да се договори со премиерлигашот за да ја преземе позајмицата до крајот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести