Луис Суарес во делириум ги фрли навивачите на Гремио постигнувајќи „невозможен“ гол во 90-тата минута за победа (Видео)

Откако Луис Суарес во дебито за новиот клуб Гремио постигна хет-трик и ги воодушеви навивачите на овој бразилски клуб, сега следуваше ново шоу на Уругваецот. Суарес повторно ги фрли во транс фановите на Гремио, овојпат со погодок во 90-тата минута за победа од 1:0 против тимот на Бразил де Пелотас.

Докажаниот голгетер доби една топка во притивничкиот петерец, а беше свртен со грб, и тоа со двајца играчи кои му беа „на грбот“. Суарес сепак успеа со финта да се ослободи од противниците и да добие простор да шутира, а на крајот топката заврши во мрежата.

https://twitter.com/i/status/1618436502480121856

Суарес има одиграно вкупно три меча за Гремио, а вкупно постигнал пет гола.

- Оглас -

Најнови вести