Лук де Јонг со победнички гол продолжи една страшна серија на Барселона (Видео)

Холанѓанецот Лук де Јонг беше стрелец на единствениот гол за Барселона за победа против Мајорка од 1:0 во меч од 19-тото коло во Ла Лига.

Холанѓанецот доминираше во првото полувреме и најпрво ја погоди стативата, па потоа со многу атрактивни ножички и пречката на домашниот гол, а третата среќа му се насмевна во 44-тата минута, кога погоди со удар со глава за победа на гостите.

Победата на Барселона е исклучително значајна, бидејќи клубот се соочува со голема криза и вечерва играше без дури 16 фудбалери.

Дел од нив отсуствуваа поради повреди, дел поради ковид-19, а и Мајорка имаше сериозни проблеми и настапи без 12-мина играчи.

Со победата вечерва, Барса продолжи една убава серија, сега веќе има 11 меча без пораз од Мајорка, а последниот пораз во меѓусебните дуели им е од 2009 година.

Барселона сега е на петтото место во Ла Лига со 31 бод од 19 натпревари, 15 помалку од вечниот ривал Реал Мадрид, кој е лидер, но одигра меч повеќе од вечниот ривал.

Мајорка остана на 15-тото место со 20 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести