Лука Дончиќ со 49 поени, 15 скока и 8 асистенции блескаше на дуелот со Њу Орлеанс пеликанс и беше најзаслужен за победата на Далас маверикс од 125-118.
За Словенецот ова е трет пат на последните четири меча да постигне 45 или повеќе поени. Лука погоди седум тројки, од кои едната речиси од половина терен на крајот на првата четвртина, во која Дончиќ уфрли 19 поени.
Партија на кариерата имаше Лук Кенард, кој постави личен рекорд од 8 погодени тројки и со 25 поени придонесе во убедливата победа на ЛА клиперс против Хјустон рокитс од 142-111. Кенард не беше прв стрелец кај Клиперс, но имаше незаборавно шутерско шоу.
Мајами по две продолженија, славеше против Шарлот со 111-107, а дербито помеѓу Филаделфија и Милвоки им припадна на 76-ките со 123-120. Џоел Ембид даде 42 поени и собра 14 скока.
https://twitter.com/i/status/1494546387987582990