Лука Дончиќ „доби син“ и се пофали со тоа !? (Видео)

Лука Дончиќ и во новата сезона ќе биед предводник на Далас маверикс во НБА лигата, а дека атмосферата во тимот е на одлично ниво се потврди и по една шега во која во главна улога порај Словенецот, беше и Џален Брунсон.

Двајцата играчи на Далас се обложиле за тоа кој е подобар на видео играта на ФИФА и решиле да одиграат меч, но и да се обложат. Договорот бил едноставен, тој што ќе загуби на видео играта, ќе мора да облече дрес на кој ќе пишува дека е „син на соиграчот“.

Дончиќ победил, а Брунсон мораше да облече дрес со бројот 77 на кој кај името стоеше „синот на Лука“. Словенецот реши да го сними целиот настан и го објави на социјалните мрежи, покажувајќи го „неговиот син“.

https://twitter.com/i/status/1339739422107963394

 

.

 

- Оглас -

Најнови вести